(Видео) За жал во Бугарија има група која сака со ќотек да ги освестува Македонците дека се Бугари

t

Во Бугарија има една апсурдна гледна точка која е остаток од национализмот каде се вели дека Македонците не се Македонци туку подзаборавиле дека се Бугари и со два три шамари, малку ќотек ќе ги потсетиме кои се.

Другото гледиште е дека секој има право на самоопределување, секој има право да се чувствува како сака, смената на идентитетот е исклучително тешко. Во Британија премиер е човек кој е по потекло Индиец, член на Конзервативната партија, тој не е помалку Британец од останатите Британци, зборува перфектен англиски јазик, вели во гостување во македонската програма во Мелбурн бугарскиот академик Димитар Атанасов.

Со жалење морам да констатирам дека во Бугарија не е така, продолжува да работи национализмот. Се уште има луѓе од минатиот век и тие не можат да избегаат од тоа што ги научиле.

Има издадени пресуди против Бугарија од ЕСЧП. Бугарскиот Устав е така создаден да не признава малцински права. Сметам дека тоа е една од добрите достигнуваеа на современата бугарска правна мисла, тоа го елиминира негативниот однос на малцинствата во Бугарија. Ако сите сме бугарски граѓани веќе сме една нација, не етничка, туку нација на пасош, како на пример Франција, вели академикот Атанасов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не постои бугарска влада која повторно би…

„Не гледам како може повторно да репреговаран…

Шпанците живеат најдолго, Бугарите најкратко во ЕУ

Просечниот животен век во Шпанија е 84…

Радев: Наскоро ќе стане јасно дали Македонија…

Шефот на бугарската држава Румен Радев смета…

Македонски пејачи ќе пеат во Бугарија на…

Втора година по ред во бугарското село…

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…