(Видео) За килограм домати светиниколчани даваат 120 денари, ќе се купува или ќе се гледа?
Килограм домат чини 120 денари, ќе го гледаме или купуваме. Светиниколчани едногласни дека животот е веќе скап, а цените се високи до плафон. Ниските примања се повќе го отежнува животот и екомоската ситуација, едногласно велат граѓаните на општината и истакнаа дека ваквата ситуација станува загруижувачка.
“Како не е , никогаш не е било вака, моментално 120 денари е цената на патлиџанот во пазарот тука. Ќе го гледаме или ќе го купуваме ние со 13 000 денари, нема шанси. Лебот цената му е моментално нај адекватна., уште тој да се качи со цената, се си завршило работата. Јас како пензионер со 13 000 денари немам зборови што да кажам, се е кажано уште кога кажам 13 илјади се е јасно.
“Има, ама не е добро, нема тешко се живее веќе. Примањата се тие, од тоа за тоа и сметките. Најважно е да има пари, ако имате, се ќе има“, велат граѓаните
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, производството на домати е намалено за 23%, а на краставиците за 34,3%. Лани е зголемено производството на пиперки за 4,1%.
Тоа според земјоделците е резултат на немањето стратегија, поради високите трошоци, ниската цена, немањето доволно работна сила и зголемениот увоз на градинарски култури кој станува алармантен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани
Вчера во 5:30 часот на граничен премин…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…
Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…
(Видео) Експлозии во Техеран! Израел вели ќе…
Според АФП и државните медиуми на Иран,…
Лисици низ Скопје во близина на Водно…
Во последните неколку дена се појавија видеа…