(Видео) За Клиничкиот центар во Скопје се заинтересирани англиска и турска компанија!

t

Клиничкиот центар е проект што останува како приоритетн во мојот фокус. Тоа прашање бара многу подготовки. Заинтересирани се англиска и турска компанија, но и други компании, истакна министерот за здравство Фатмир Меџити одговарајќи на новинарско прашање по повод 100 дена од стапувањето на министерската функција.

-Тоа е многу добар капитален проект и треба да се среди еднаш засекогаш. Потребно е многу време за подготовка. Има многу заинтересирани групации. Заинтересирани се англиска и турска компанија и уште неколку други компании. Овој проект го презентиравме пред неколку амбасади, меѓу кои и онаа на САД. Работиме во оваа насока, појасни Меџити.

Меџити нагласи дека негов најголем предизвик и е да го спои Клинички центар Скопје. Повтори дека Информацијата е пратена до Влада, објаснувајќи дека потоа се потребни да поминат промените на Законот за здравствена заштита во Собрание.

-Ние работиме на тоа и секој ден сите не уверуваат и самите пациенти и самото работење дека тоа треба час поскоро да се случи. Јас ви кажав дека и во договор со директорите на ФЗОМ имаме иста визија дека со почеток на буџетската година ќе биде најлесно за да се спојат и ова да почне да функционира, рече тој.

Околу немањето места за паркирање на Клинички центар, Меџити рече дека работат на тоа прашање и најави дека за кратко време ќе презентиарат  финална верзија.

На новинарско прашање дали е информиран дека заедничките служби на Клинички центар веќе два месеца немаат земено плата, министерот Меџити истакна дека тие се под ингеренции на Владата и не сакаше да коментира повеќе.

-Тие се под ингеренции на Владата, а не под Министерството. За тие заеднички служби не сакам да коментирам повеќе. Јасен е мојот став за јавноста, рече тој.

Повеќе за клиничкиот центар може да погледнете во истражувачката емисија на Инфомакс, Мрежа, во која разјаснуваме како започна и што се случува со проектот за нов клинички центар во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нападнат малолетник во Центар

На 05.04.2024 во 23:30 часот во СВР…

Семејно насилство во Центар: 67-годишната мајка ја…

Денеска во 02.40 часот во СВР Скопје,…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Малолетни разбојници приведени во Центар – ограбиле…

На 28.02.2024 во 14.00 часот на подрачјето…