(Видео) За работите да се променат од корен Левица треба да биде власт

t

Целите кои Левица сака да ги постигне се за долгорочен бенефит на македонскиот народ, но за да се променат многу работи Левица треба да биде власт, вели во денешната епизода на Тешки муабети, пратеникот на Левица Борислав Крмов

– Косовски капитал масовно се внесува во Македонија, косовски државјани се лечат во Македонија за сметка на македонските државјани, косовскиот премиер се шета во Македонија како по некоја нива, без химна, без македонско знаме, без државен протокол.

Потребни се сериозни реформи од корен на работата, но тоа Левица може да го направи само од позиција на власт.

Целото наше дејствување е принципиелно, ние и да преговараме дали би биле во коалиција со било кој, ќе преговараме како први јавно, е зад затворени врати за да се делат фунцкии, туку за бенефит на овој народ.

Ако некој е подготвен да ги исполни нашите услови добро, но Левица е партија која не сака да се врзе. Тоа е клучна разлика меѓу Левица и останатите проекти на краток рок, тие собираат незадоволни членови од други партии како конгломерат кој ништо освен личен интерес не ги држи, тоа после некое време пука.

Ние, за разлика од нив растеме одоздола, ние имаме долгорочни цели и за нив работиме, објасни Крмов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…

СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…

Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…

Левица: Ако за нешто треба да се…

Не се точни изјавите на Мицкоски дека…

Левица бараше една изборна единица и укинување…

Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија…

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со…