(Видео) За сите што нѐ негираат: Потресно сведоштво на Македонка од Аргентина – Старите плачеле кога ќе се роди дете…
Ирма Елена Петко, Македонка која е свесна за своето потекло иако е родена и израсната во Аргентина, во потесно сведоштво за Инфомакс ја објасни македонската судбина од која не избегале ниту нејзините родители.
Како што објаснува госпоѓата, нејзиниот татко е роден во Шулин, денешна Мала Преспа, Албанија, а тешкиот живот и постојаната војна и окупација на Македонија од сите соседи го натерало да се пресели во Аргентина каде 12 години живеел без своето семејство.
Подоцна и нејзината мајка и најстариот брат кој е роден во Македонија се преселиле во Аргентина каде Ирма Елена Петко е родена и порасната. Таа не зборува македонски, вели дека се’ што знае за Македонија е од приказните на нејзината мајка .
Погледнете ја потресната приказна во продолжение и сетете се на зборовите на Петре М. Андреевски: „Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат и коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева“…
Видеото погледнете го тука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНР потврди: Македонка почина во сообраќајна несреќа…
Македонска државјанка почина во сообраќајна несреќа во…
Трагедија! Скопјанка загина во сообраќајка во Грција,…
Жена од Македонија загина во тешка сообраќајна…
УЖАС: МАКЕДОНКА УБИЕНА ОД СОПРУГОТ ВО ГЕРМАНИЈА!
Македонка е убиена од нејзиниот сопруг во…
(Видео) Младата Македонка Теона е светски хит:…
Девојката која го освои светот е од…
Диплома на првата жена фармацевт на Балканот,…
Македонката Рајна Алексова е првата жена фармацевт…