Диплома на првата жена фармацевт на Балканот, Рајна Алексова од 1906 година – националност: Македонка!

t

Македонката Рајна Алексова е првата жена фармацевт во Македонија и на Балканот, која дипломирала во Лозана, Швајцарија, во генерацијата 1902/1906. Нејзината диплома е објавена на социјалните мрежи, каде во полето за националност, иако родена во Османлиската Империја, пишува Македонка.

Рајна во тие дамнешни времиња немала потреба да го „зајакнува“ или „потврдува“ својот идентитет, бидејќи швајцарските универзитетски власти во 1906 година во нејзината диплома на француски јазик јасно ја имаат запишано како Рајна Алексова, националност: Македонка. Таа гордо се идентификува со својот македонски народ, истакнувајќи го тоа.

Според кажувањата на нејзината правнука Нина Даниловска, стоматолог од Битола, која со семејството веќе 10 години живее во Љубљана, прабаба ѝ Рајна уште од рана возраст имала силно изразена желба и љубов кон интелектуализмот и професијата, кои претставуваат нешто особено и ѝ даваат големо значење во нејзината биографија. Дипломата од Лозана сведочи за нејзините енормни хоризонти, во тоа далечно време кога ги поставува основите на аптекарството.

Во потрага по дипломата од Лозана, неодамна семејството Даниловски и нејзиниот праправнук, стоматологот Горазд, синот на Нина, како единствени нејзини наследници (бидејќи Рајна Алексова била омажена со Жика Кнез Милојковиќ од Белград, но немала деца), се упатиле во Лозана и од универзитетската управа побарале копија од нејзината диплома. Администрацијата на факултетот со швајцарска прецизност, по добивањето на барањето, со писмо напишано на мејл во ходниците на факултетот, само за неколку часа им издала копија верна на оригиналот, со датум 1.11.2018 год.
А, оригиналот на дипломата на Рајна Алексова од Факултетот за фармација од Лозана ден-денес се наоѓа во Софискиот музеј во Бугарија. Роднините наследници се во тек низ процедура во оваа институција во Софија да го докажат правото што го имаат како единствени наследници и да им се врати драгоцената диплома во Македонија.
Со љубовта кон учењето Рајна урива бариери и стереотипи во Османлиското Царство. По завршувањето на Француската гимназија во Солун, нејзиниот богат и многу постар од неа брат Ристо Алексов-Шпицарот (на турски аптекар), кој ја имал првата аптека во Битола и бил трговец и приучен аптекар, во 1902 год. ја однел со воз во Лозана, Швајцарија, и ја запишал на Факултетот за фармација, на нејзина голема радост, со желба да дипломира и потоа заеднички да ја водат аптеката, пишуваше претходно Нова Македонија.

Четири години подоцна во Битола се вратила како европска дама, закитена со диплома на фармацевт. Нејзината и радоста на брат ѝ Ристо траеле кратко, бидејќи, откако веста за школувана каурка стигнала до тогашниот управител на Битола, започнуваат мачните денови, месеци, па и години за најучената жена во градот на конзулите. Турските власти, повикувајќи се на муслиманските закони, не ѝ дозволувале да ја врши аптекарската професија. Но Рајна не се откажувала. Заобиколувајќи го тогашниот валија, таа пратила писмо до Цариград и барала, „за добро на народот во Битола“, да ѝ се овозможи да отвори сопствена аптека. Чекајќи го одобрението од Цариград, неколку години работела како калуѓерка во државната болница во Ќустендил, потоа во бугарската болница во Цариград, за на крајот во Едрене да биде учителка по хемија во женската гимназија. Рајна не ја напуштала надежта дека еден ден ќе се занимава со професијата за која имала диплома од еден од најпрестижните универзитети во Европа. За нејзина среќа, тоа го сфатил и тогашниот турски великодостојник Хилми-паша, кој решил да ѝ помогне на умната и упорна битолчанка. По неколкуте преписки со портата, Хилми-паша успеал да издејствува кај султанот – сите родени во Македонија што работеле во Бугарија и кои не биле компромитирани да добијат дозвола за работа. Така, Рајна како прва жена на Балканот ќе добие специјална дозвола да работи како аптекарка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Џабе диплома, ако не те бива: Факултетските…

Со голема помпа, компаниите ги отфрлаат четиригодишните…

УЖАС: МАКЕДОНКА УБИЕНА ОД СОПРУГОТ ВО ГЕРМАНИЈА!

Македонка е убиена од нејзиниот сопруг во…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…