(Видео) За сите што нѐ негираат: Потресно сведоштво на Македонка од Аргентина – Старите плачеле кога ќе се роди дете…
Ирма Елена Петко, Македонка која е свесна за своето потекло иако е родена и израсната во Аргентина, во потесно сведоштво за Инфомакс ја објасни македонската судбина од која не избегале ниту нејзините родители.
Како што објаснува госпоѓата, нејзиниот татко е роден во Шулин, денешна Мала Преспа, Албанија, а тешкиот живот и постојаната војна и окупација на Македонија од сите соседи го натерало да се пресели во Аргентина каде 12 години живеел без своето семејство.
Подоцна и нејзината мајка и најстариот брат кој е роден во Македонија се преселиле во Аргентина каде Ирма Елена Петко е родена и порасната. Таа не зборува македонски, вели дека се’ што знае за Македонија е од приказните на нејзината мајка .
Погледнете ја потресната приказна во продолжение и сетете се на зборовите на Петре М. Андреевски: „Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат и коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева“…
Видеото погледнете го тука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонка во Австралија ја уби 85 годишната…
Македонката Милена Богојевска (51) е осудена во…
30 дена притвор за Македонката која прегази…
Основниот суд во Улцињ ѝ одреди 30-дневен…
Македонка која е во Доха раскажа каква…
Ангела Николовска која е во Доха раскажа…
Големи пожари во Аргентина, властите се сомневаат…
Шумски пожар во аргентинската Патагонија зафати речиси…
Земјотрес од 5,6 степени ја погоди северна…
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според…