(Видео) Зеленски: Годинава Русија ќе изгуби сто илјади свои војници – Не дозволуваме непријателот да ги реализира своите намери
Ситуацијата на фронтот е тешка. И покрај екстремно големите руски загуби, окупаторите се’ уште се обидуваат да напредуваат во регионот на Доњецк, да се зацврстат во регионот Луганск, да се преселат во регионот Харков, тие планираат нешто на југ. – рече во денешното видео-обраќање на Фејсбук украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Но, ние ја чуваме одбраната и што е најважно, не дозволуваме непријателот да ги реализира своите намери. Тие рекоа дека ќе го освојат регионот Доњецк – во пролет, лето, есен. Оваа недела веќе започнува зимата. Таму ја ставаат својата редовна војска, таму секојдневно губат стотици регрути и платеници, таму користат барикади.
Годинава Русија ќе изгуби сто илјади свои војници убиени и само Господ знае колку платеници. И Украина ќе застане. И светот ќе стори сé за да се погрижи сите што се виновни за оваа криминална војна да бидат изведени пред лицето на правдата.
Слава на сите кои се борат за слобода! Слава на сите кои работат за нашата победа! Вечен спомен на сите оние кои ги дадоа своите животи за Украина!
Слава на Украина! – рече Зеленски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…
Украина ја очекува уште една сурова зима,…
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…
Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…