Објавено на:

(Видео) Зеленски лесно извади пари од САД, како да зема бонбони од бебе, вели претседателот Трамп

t

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за телевизијата „Фокс њуз“ уште еднаш се осврна на кавгата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој зборуваше за нивната средба, на која присуствуваше и потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс во Овалната соба минатата недела, во која Трамп и Венс вербално го нападнаа европскиот лидер.

Трамп во интервјуто повтори оти мисли дека Зеленски е неблагодарен и рече дека „зел бонбони од бебе“, мислејќи на фактот дека претходниот американски претседател Џо Бајден иницирал воена и политичка помош за Украина.

„Зеленски е паметен тип и жесток човек. Извади пари од оваа земја под водство на Бајден, како да зема бонбони од бебе. Беше толку лесно“, рече Трамп.

Водителката Марија Бартиромо го праша за критиките што ги доби Трамп, во кои се тврди дека го намалил политичкиот притисок врз Русија и рускиот претседател Владимир Путин. Американскиот претседател одговори вака: „Никој никогаш не бил построг кон Русија од Доналд Трамп“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени шест лица во Србија и Словенија…

Во заедничка акција на обвинителствата и полициите…

Мајка цела ноќ ја барала 12-годишната ќерка:…

Мајка од Скопје пријавила дека нејзината 12-годишна…

(Видео) Осум минути молк за насилната смрт…

Во Загреб, Сплит и Осиек, точно напладне,…

Над 438 илјади животни ќе се вакцинираат…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) започна…

Мицкоски: Адвокати и компании свесно се договараат…

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека адвокатски друштва…