Објавено на:

(Видео) Зошто Морален суд – Македонска вистина?

t

Најдиректен одговор е, за да се заштити загрозениот и повредениот автентичен национален македонски идентитет на целиот македонски народ, како и личното право на национален и личен идентитет на секој Македонец посебно. Да се заштитат овие национални(колективни и лични) вредности од аморалните чинови и акти, кои во суштина се срамен идентитетски геноцид. Моралниот суд – Македонска вистина морално ќе ги осудува злоупотребите, пречекорувањата и неправилното извршување на овластувањата, должностите и одговорностите на носителите на државни и јавни функции како што се Зоран Заев, Никола Димитров, Димитар Ковачевски и други слични на нив.

За таа цел, во август 2022г. од група интелектуалци, од Македонија и дијаспората, поведена е граѓанска иницијатива за формирање на Морален суд – Македонска вистина, кој во суштина е форма на народен суд кој за аморални чинови и акти на поединци и институции, ќе суди со јавни морални осуди.

Иницијаторите поаѓаат од сознанието и констатацијата дека во нашата татковина Република Македонија се манифестирала и се манифестира очигледна општествено-политичка и државна пракса на запоставување и игнорирање на одговорноста за почитување на институциите на државата и преку чекори и акции спротивни на општествените морално-етички критериуми и норми, со што перманентно, а особено последните години, и се нанесуваат штети во однос на нејзиниот демократски, културен, економски и друг опстанок, штети на природните и културнио богатства и животната средина, како и штети на нејзиниот меѓународна положба и углед.

Тие се свесни дека Македонија можат да ја сочуваат пред се нејзините граѓани со високи морални доблести.

Убедени се дека нанесените штети оставаат долгорочни и тешко отстранливи последици, не само на денешните, туку и на идните генерации. Ценат дека сочувувањето на моралот и достоинството на македонскиот човек и на македонската држава е првенствен интерес на секој граѓанин на Македонија. Исто така, свесни се дека Република Македонија може да опстане, пред се со најширока поддршка на нејзините граѓани и на нејзините институции. Се потпираат на македонското и меѓународното позитивно право, како и врз моралната традиција на македонскиот народ. Тоа го прават за опстанок на Македонија како самостојна и демократска држава. Имаат силна желба пошироко да ја анимираат свеста на македонскиот граѓанин, на македонската и меѓународната јавност, за се што се случи и се случува во Македонија. И секако, убедени дека на овој начин придонесуваат во исполнувањето на својот човечки и граѓански долг кон народот кому му припаѓаат, кон својата татковина, кон минатите, сегашни и идни генерации, но и кон себе си, како личности.

Иницијативата и сите активности ќе се одвиваат преку Македонски манифест – Здружение за одбрана на македонизмот, македонското име и постоење меѓу народите.

Основни цели на Моралниот суд – Македонска вистина

Добро е македонската јавност да се запознае со Основните цели на Моралниот суд. Тие се: Преку јавно изразување гледишта, ставови и оценки, за политичкото и општествено делување на носителите на највисоки државни и јавни функци, како и на оние кои во одредени клучни моменти за Република Македонија се јавуваат како носители на одлуки од потрајно и решавачко значење за нашата држава и меѓународната заедница, да прави анализа на последиците за нејзината судбина и за судбината на нејзините граѓани;

Да ја утврди моралната одговорност на носителите на јавни функции и јавно да ги посочи како виновници, затоа што постапувале спротивно, или не во согласност со моралните начела, засновани на нашите обичаи и традиција, но и на општоприфатените цивилизациски вредности, стандарди и норми, а особено затоа што со своето однесување го уривале националното достоинство , очекувањата и чувставата на граѓаните, запоставувајќи ги при тоа јавното мислење и изложените критики; Да влијае врз градењето свест и одговорност за достоинството на сите граѓани, особено на носителите на јавни функции, но и да ги охрабри граѓаните во нивното право за повикување на транспарентност и одговорност;

Да ги поттикнува и негува барањата и заложбите на секој граѓанин за достоинство на секоја работа, особено на јавните функции; Да им дава морална пордшка на сите изрази и резултати покажани во афирмација на високовредносни дострели во сите сфери на општественото живеење и работење, посебно при претставувањето на земјата во странство;

и Да ја согледа улогата и дејствувањето на домашните и странските невладини организации, во периодот на потпишувањето на Спогодбата за промена на името Македонија со Републока Грција и Договорот за добрососедство и соработка со Република Македонија.

Овие цели, намери и заложби Моралниот суд ќе ги остварува преку своите тела и органи, а во согласност со усвоените Правилата за организирање и дејствување.

Темелот врз кој го поставуваме овој суд е СОВЕСТА, нашата и на сите доблесни луѓе во Македонија, кои имаат чувство за Вистина, Правда и Одговорност. За сторените дела се изрекува МОРАЛНА ОСУДА.

Судит во име на Вистината, Правдата и Одговорноста пресудува за неморалноста и неодговорноста на носители на државни и јавни функции, во врска со акти против националните и државните интереси, акти кои значат идентитетски геноцит на Македонците.

Првата морална осуда судот ќе ја изрече и обзнани на 10. 05. 2023г.(среда), во Бест Вестерн(12:00 часот).

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдена дрога во Кичево, приведени двајца дилери

При претрес во нивниот дом, извршен со…

КАКВИ МИНИСТЕРСКИ ФОТЕЛЈИ, ДАЈТЕ НИ ГО СПИКЕРСКОТО…

„Мојот сопартиец и сопратеник Борис Крмов е…

(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот…

Украинските сили за специјални операции тврдат дека…

Пендаровски очекува пресврт во вториот круг

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва во интервју…