(Видео) Зошто руските трупи напредуваат бавно и како би можела да заврши оваа воена операција?
Во емисијата Тешки муабети се зборуваше за напредокот на руската војска и можностите кога и како би завршила војната меѓу Русија и Украина.
“Путин побара од граѓаните и од врхушката на војската да преговара со нив бидејќи рече дека полесно ќе се договорат со нив отколку со банда наркомани и нацисти како што рече Путин.
Мислам дека Путин очекуваше дека полесно ќе напредува и нема да има толкав отпор од украинскиот народ. Исто така сакаат на минимум да биде колатералната штета од типот на убиени цивили, срушени болници и слично. Минатата емисија Стевче Јакимовски објасни за колку кратко време може Русија да срамни со земја некој град. Путин мора да гази на прсти за да не биде уште полош во очите на Украинците на кои се обидува да им се допадне. Дополнително Путин има на лагер огромнен број војници кои не се искористени.
Ќе трае долго војната, ако не ескалира конфликтот со НАТО може да се заврши на преговарачка маса. Руските трупи во моментов во Украина се убивани од американско оружје и јас не знам како би ескалирало ова освен во нуклеарна војна.
Ама се надевам дека ќе заврши на преговарачка маса.” – објасни Милош Милошевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…