(Видео) ИВЗ се бори за соработка со државата за спречување на радикалниот исламизам!

t

Во врска со порастот на радикалниот исламизам во Македонија, Оливер Андонов во денешната епизода на Тешки муабети, коментира дека ИВЗ се бори со ваквите структури, всушнст ИВЗ се бори за соработка со државата за решаање на ваквите случаи.

– Проблемот не е, но и е во ИВЗ. Таа е сунитска, традиционалниот ислам од Турција дојден, си има свои специфики македонскиот ислам и доста се почитува, но многу луѓе, дел од луѓето во ИВЗ трганаа по тој пат на вахабизам.

Тоа почна во основа по промената на Селимовски, почна кон крајот на 90-тите гоини кога многу млади муслимани отидоа на школување во Саудиска Арабија, Кувајт, Катар и слично. Денеска имаме борба на ИВЗ за соработка со државата затоа што луѓето од ИВЗ одат во затворите за да видат каква бибилиотека има и викаат дека тоа треба да се фрли бидејќи е радикална литература.

Јас и еден колега подготвуваме тркалезна маса за воведување воена-верска служба, бидејќи сме една од ретките земји во НАТО која нема таква.

Ние имавме проблем со формирање и признавање на Албанска православна црква ако се сеќавате, имаше таква будалаштина. Запишувањето на салафистичката група е сосема погрешен пристам, си има ИВЗ, ризикуваш конфликт, не може да се прават повеќе групи.

Јас колку што знам ИВЗ не се радикално расположени, тие сакаат да ѝ помогнат на државата со работа со оние повратници о боиштата од Блискиот Исток, да им помогнат во решавање на проблемите, тие луѓе треба да се рехабилитираат, не само да се затворат.

Се загрозува безбедноста на системот, вели Андонов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ