(Видео) Идната Западна Бугарија: Таче се измасмеа на несолениот коментар на Рама, повторно се говори за поделба на Македонија
Со (не)дипломатска и недуховита шега која во Македонија не може да предизвика насмевки туку чувство на навреда, албанскиот премиер Еди Рама се вмеша во ракувањето на германскиот канцелар Олаф Шолц со премиерот Димитар Ковачевски на самитот на ЈИЕ во Солун вчера.
За да ја долови тешката состојба со бугарското вето, кое покрај Македонија закочена ја држи и Албанија на европскиот пат, Рама често се „истрчува“ со лош хумор.
Додека домаќинот-грчкиот премиер Мицотакис на Шолц му ги претставуваше албанскиот премиер и Димитар Ковачевски како премиер на Северна Македонија, Рама се приклучи на разговорот со забаелешка, „идната, идна западна Бугарија“ по што сите се насмеаја дипломатски за да не пропадне несоодветната шега на албанскиот премиер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на нафтата паѓаат трет ден по…
Цените на нафтата продолжија да паѓаат трет…
Секое десетто дете во Македонија било жртва…
Едно од десет деца (10% од децата)…
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна…
„Добредојдовте на еден проект којшто за сите…
СДСМ бара намалување на ДДВ за горивата…
ДДВ за горивата да се намали од…
Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го…
Во моментов работиме на проширување на реформската…