Објавено на:

(Видео) Израел бомбардираше училиште кое е засолниште, има многу загинати

t

Палестинците денеска известуваат за смртоносен израелски напад врз училишен комплекс што служел како засолниште во Газа, додека американскиот државен секретар Антони Блинкен е во Јордан за да ги слушне арапските барања за прекин на огнот.

Палестинците денеска известуваат за смртоносен израелски напад врз училишен комплекс што служел како засолниште во Газа, додека американскиот државен секретар Антони Блинкен е во Јордан за да ги слушне арапските барања за прекин на огнот.

Жилиет Тума, директорка за комуникации на агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), потврди за Ројтерс дека училиштето управувано од светската организација било погодено. Меѓу жртвите има и деца, но УНРВА се уште не го потврди точниот број на загинати.

„Најмалку еден воздушен напад го погоди училишното игралиште каде имаше шатори за бегалските семејства. Вториот напад погоди училиште во кое жените печеа леб“, рече таа во телефонска изјава. Фотографиите на Ројтерс по ударот покажуваат уништен мебел и друг имот расфрлан на подот, локви крв и луѓе кои плачат.

„Луѓето подготвуваа појадок кога ненадејно започна бомбардирањето“, вели еден маж во видеото што го поседува новинската агенција. „Ги најдов моите две мали девојчиња, едното беше убиено со истрел во главата, другото беше рането во ногата. Таа беше ранета од шрапнели“.

Министерството за здравство на Газа соопшти дека две жени биле убиени и во израелски ракетен напад на влезот на детската болница Насер. Таму има и повредени лица. Израел се уште не ги коментира овие тврдења.

Израелската армија најави дека ќе им дозволи на Палестинците да го напуштат северот преку главниот пат во Газа денеска од 13 до 16 часот.

„Ако се грижите за себе и за вашите најблиски, следете ги нашите упатства и одете на југ“, објави таа на арапски.

Американскиот специјален пратеник Дејвид Сатерфилд во Аман изјави дека меѓу 800 илјади и еден милион луѓе веќе го напуштиле северниот дел на Појасот, додека меѓу 350 и 400 илјади од нив останале таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Чадот над Скопје доаѓа од пожарот…

Зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје…

Цело Скопје мириса на чад, реагираат граѓани…

Повеќе од два часа главниот град е…

Гори комбе во Кисела Вода во близина…

Гори комбе на улицата Ѓорѓи Сугаре, во…

„Венко е сосема одлепен од реалноста, она…

„Филипче на денешната прес-конференција, ги повтори трите…