(Видео) Израел ослободи 183 палестински затвореници
Вкупно 183 Палестинци беа ослободени од израелските затвори денеска, откако тројца израелски заложници беа ослободени од заробеништво на Хамас во Газа, во петтата размена според договорот за прекин на огнот меѓу Израел и палестинската група, пренесува „Ал Џезира“.
Ослободените Палестинци пристигнаа со два автобуса во Кан Јунис во јужниот дел на Газа, каде што беа пречекани од голема толпа и во Рамала на окупираниот Западен Брег.
Тие се со лоша здравствена состојба и неухранети, а некои од нив страдаат и од кожни болести, меѓу кои и шуга, објави „Ал Џезира“.
Се вели дека меѓу нив е и Џамал ал-Тавил (61), член на политичкото биро на Хамас и поранешен градоначалник на градот Ал-Бирех на Западниот Брег, кој помина речиси 20 години во израелските затвори без судење.
Од 183-те ослободени палестински затвореници, 18 издржуваа доживотна казна, 54 издржуваа долги казни, а 111 беа приведени од почетокот на војната во Појасот Газа.
Во текот на изминатите неколку децении, Израел затвори повеќе од еден милион Палестинци, според катарската телевизија.
Хамас утрово ослободи тројца израелски заложници, кои беа вратени на израелска територија, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се закани со последици бидејќи вратените заложници биле неухранети.
Израелскиот „Канал 12“ објави, повикувајќи се на извори, дека како одговор на тоа, протокот на помош за Појасот Газа ќе биде дополнително ограничен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…
Израел да се повлече од Либан, а…
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…