(Видео) Изјава на Пендиков кој се бори против Тиранската Платформа: Како од Македонец еволуираше во благонадежен Бугарин…
Драматична промена во ставовите на Христијан Пендиков кој како младо момче се бореше за Македонија и протестираше на Заедничка Македонија, а сега е благонадежен Бугарин.
Погледнете го видеото:
Типичен пример за еволуирање од УМС до тврдокорен бугарин❗
П.С.: Гледај до крај и пушти звук 🙂 pic.twitter.com/xhwZt1z3Cp
— Soleimani (@Soleimani_QUDS) February 15, 2023
Вистински хаос во Македонија и во Бугарија предизвика една обична тепачка во кафеана во Охрид, во која подебелиот крај го изеде Христијан Пендиков, 22-годишно момче, до вчера тврдокорен ВМРО-вец, а од неодамна благонадежен Бугарин, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ и лице со кривична пријава за препродавање на кокаин.
Излегоа секакви информации во јавноста и многу нелогичности. Но, она што со сигурност може да се каже е дека Пендиков самиот го пријавил инцидентот во полиција каде неколку пати ја менувал изјавата околу тепачката. Со сигурност може да се каже и тоа дека во билтенот на МВР од 17 декември минатата година името на Пендиков се споменува како лице на кое му била поднесена кривична пријава за препродавање кокаин.
Додека трае истрагата, по социјалните мрежи излегоа бројни постови на Пендиков, од кои може да се заклучи дека е голем македонски патриот, борец против промената на името на Македонија и човек кој има посебен став кон Бугарија во однос на нејзините претензии во однос на македонскиот народ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…
Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…
Пијан велешанец и се заканувал на поранешната…
На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес,…
Курти утре во посета на Македонија, најавен…
Утре, среда, во официјална посета на Македонија…
Ангелов: Голем пожар во Градско – пренасочени…
Голем пожар денеска околу пладне избувна помеѓу…
54-годишен маж ја нападнал сопствената мајка
На 24.08.2026 во 23:55 часот во радовишко…