(Видео) Илинденското востание е ЧИСТО МАКЕДОНСКО ВОСТАНИЕ!

t

Илинденското востание е ЧИСТО МАКЕДОНСКО ВОСТАНИЕ, нагласи во денешната епизода на Тешки муабети нашиот ко-водител, Филип Петровски.

– Илинденското востание се изедначува со Крушевската република, што не е точно. Востанието било на поголема територија и траело и до два месеци.

Крушевскиот манифест е историска невистина, Мајски дури после 20 години го пишува дали по сеќавање или по иделошка основа, но е невистина. Илинденското востание е чисто македонско востание.

Е сега, не се само Бугарите со “преображенско” туку и Грците бараа да се тргнат од преамбулата на Уставот принципите на АСНОМ, затоа што Панко Брашнар на Првото заседание на АСНОМ, кажува дека треба да се испере десетвековниот срам од пропаѓањето на Самоиловата држава. Тој човек заврши на Голи Оток, ние во Македонија имаме идеолошка пресметка по линија на левица и десница.

Јас според документите гледам чисто македонско востание! – нагласи Петровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ