(Видео) Или ќе играме со сите големи сили, или ќе станеме Курди на Балканот
Класното и националното во Македонија се испреплетени, тоа не може да се одвои, токму затоа и настана поделбата во Левица, објаснува во денешната епизода на Тешки муабети лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
-Моето крило кое победи беше на став дека националното не смее да се остави на ВМРО-ДПМНЕ, дека ние мораме да имаме став по тие прашања бидејќи нас ни го негираат националното. Класното и националното се испреплетени во Македонија.
Во Македонија социјализмот, за разлика од Западот се памети како добар период, нашата држава е направена од социјалисти. И тогаш, на првото заседание на АСНОМ имало знамиња на трите големи сили, СССР, САД и Британија. Тие луѓе знаеле дека за да ве биде треба да играте со големите сили, ама со сите, не само со еден оти тоа кошта.
Сега САД и Русија остануваат, сега третата сила наместо Британија е Кина. Во Македонија и тоа што е нормално се смета за радикално и кај нас мислам дека или ќе играме со сите, или ќе не нема, ќе станеме Курди на Балканот, вели Апасиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…