(Видео) Илјадници фанови го пречекаа Ѓоковиќ: Трофеите се минливи, а за овие моменти се живее!
Луѓе од Белград и остатокот од Србија во голем број му приредија прекрасен дочек на старо-новиот шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ.
Платото пред Стариот двор беше претесно за да ги прими сите фанови кои сакаа да се поздрават со најдобриот српски тенисер во историјата и сопственик на 21 Грен слем трофеј, од кои седум на Вимблдон и рекордер по бројот на недели на врвот на АТП листата.
„Добро ве најдов, добра вечер Србија. Ова се дефинитивно најубавите моменти во мојот живот. Кога имам благослов да се занимавам со спортот кој толку многу го сакам, во кој успеав да направам големи работи, можам да се вратам и да славам со нашиот народ. Ви благодарам, вие сте прекрасни.
За ваквите моменти вреди да се живее, да се работи, да се игра тенис. Трофеите се минливи, но овие моменти каде што заедно го делиме успехот, засекогаш ќе ги носам во моето срце“, рече Ѓоковиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Европа создава историја без Трамп –…
Со овации по секоја искажана реченица кажани…
Дизелот соборува рекорди, експертите предупредуваат на можни…
Цените на горивата во Западна Европа продолжуваат…
Јапонија пред каматна стапка невидена три децении…
Една од најнеобичните епохи во светската монетарна…
Хаг ќе одлучува за репарации за жртвите…
Судот во Хаг денеска соопшти дека ќе…
Саудиска Арабија бара излез од енергетската блокада:…
Саудиска Арабија започнува необична операција за одржување…