(Видео) Интервју: Ќе се дестабилизира ли и Македонија поради Украина и Русија?
По денешната ескалација на Украинската криза, во Инфомакс разговаравме со проф. д-р. Александар Нацев за можноста да дојде до дестабилизација во Македонија, имајќи ги во предвид воените бази на САД во Косово и Албанија.
Професрот Нацев вели дека засега нема опасност за воена дестабилизација на Македонија бидејќи Украина е релативно далеку од нас и немаме заеднички граници, а воедно сме и обиколени со НАТО членки, освен Србија и Косово како исклучоци. – „Гледајќи го примерот на земјите кои се во сосесдството на Укрина гледаме дека веќе прогласуваат вонредни состојби, Естонија, Литванија, Молдавија… И можеби одредено прелевање на тој конфликт би можело да има таму, но јас не верувам дека тоа би се случило, верувам дека се ќе се задржи во границите на Украина.
А за тоа дали нашето членство во НАТО претставува потенцијален ризик, професорот смета дека тоа не е така, – „Во овој момент, НАТО нема никаква основа да го активира членот 5 од вашингтонскиот договор. Тоа го кажаа и самите државници од неколку НАТО членки, Украина не е членка на НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…