(Видео) Инфомакс на терен: Дали има недостаток на гориво во бензинските пумпи низ Македонија?

t

Во текот на вчерашниот ден, до редакцијата на Инфомакс пристигнаа информации од читатели дека на одредени бензински станици низ Скопје има недостаток на гориво, а дека во Струга имало целосен прекин на точење на гориво, односно вработените на бензинските пумпи одбивале да точат нафта и бензин.

По дојава од гледачите, Инфомакс излезе на терен да ја испита ситуацијата по бензинските станици ширум Скопје, за да видиме дали навистина постои недостаток на нафта и на гориво.

Она што го добивме како информација од нашите читатели е дека на неколку бензински станици на Макпетрол во Скопје, но и ширум Македонија, веќе престанало да се точи гориво, поточно да се точи нафта односно дизел.

Информациите коишто ги добивме не успеавме да ги потврдиме на терен, на неколкуте бензински станици на Макпетрол кои ги посетивме, добивме одговор дека има гориво во резервоарите, но дека е тоа на поприлично ниско ниво.

Колку да имате предвид за колку ниско ниво станува збор, отприлика резервоарите на една бензинска станица можат да соберат околу 20 тони нафта, 20 тони бензин, но во моментов дел од тие резервоари се на минимум, на некој дозволен минимум од 6 до 4 тони. Она што го добивме како информација од вработените е дека нивото на гориво во резервоарите не смее да падне под 2 тони, бидејќи тоа би значело оштетување на пумпите, оштетување на мерачите и така натаму.

Зад мене се наоѓа една од бензинските на Лукоил од кадешто велат дека нивото на гориво е на задоволително ниво и снабдувањето се одвива без проблем, се увезува од Русија преку Бугарија

Она што упатува на можна злоупотреба е информацијата која ја добивме вчера од Струга од каде читателите велат дека никаде во Струга не се точело гориво. Можно е тоа да било злоупотреба од страна на сопствениците на бензински пумпи кои не сакаат да го продаваат горивото по актуелната пониска цена на енергенсот.

Како што знаеме и како што објави и Инфомакс, денеска се состанува Регулаторната комисија за енергетика на којашто треба да се одлучи за новите цени на горивата кои ќе бидат многу повиоски од сегашните, некад еод 8 до 9 денари се шпекулира во јавноста но се уште нема официјални информации.

Она што се знае е дека утринава нафтата на светксите берзи достигна цена од 139 долари по барел, што е рекорд во овој период, но апсолутниот рекорд е достигнат за време на големата економска криза во Европа во 2008 година кога цената на нафтата достигна 148 долари.

Се очекува во брзо време да се достигне оваа катастрофална цена која предизвика карастрофален пад на берзите низ светот. Еврото во споредба со доларот само денес падна за 0,9%, државните американски обврзници паднаа цели 10% во вредност, што значи дека пред нас но и пред светот претстои голема економска криза. – вели Милош Милошевски.

Видете го видеото на следниот линк: <a href="http://<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FiNFOMAX.mk%2Fvideos%2F1038011757143224%2F&show_text=false&width=560&t=0" width="560" height="314" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share" allowFullScreen="true">http://<iframe src=”https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FiNFOMAX.mk%2Fvideos%2F1038011757143224%2F&show_text=false&width=560&t=0″ width=”560″ height=”314″ style=”border:none;overflow:hidden” scrolling=”no” frameborder=”0″ allowfullscreen=”true” allow=”autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share” allowFullScreen=”true”></iframe>

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

(Видео) Фатени со рачињата во медот: Кривични…

Кривична пријава по текст на Инфомакс Министерството…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Од полноќ поевтинува дизелот

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…