(Видео) Инфомакс на терен: Хаос по невремето во Делчево, изјава на градоначалникот Трајковски

t

Делчево вечерва после 19.00 часот го зафати силно невреме со дожд, град и ветер. Невремето траеше околу половина час, но силниот ветер предизвика значителни материјални штети на неколку институции и во најголем број од домовите на делчевчани.

Моментално во градот се работи на расчистување на материјалните штети, информираше градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој нагласи дека среќна околност е што во целиот хаос нема повредени лица.

Градоначалникот Трајковски соопшти дека сите екипи се на терен, се работи на санирање на штетите, а веќе од понеделник ќе започне процедурата за надомест на штетата причинета од невремето.

– “Ќе се постапи законски, тоа што може ќе го санираме ние како локална самоуправа, а секако за поголеми штети ќе побараме помош од Владата, засега нема пријавено за угинат добиток, нема поголеми штети пријавено”, истакна Трајковски.

Градоначалникот истакна дека патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани е прооден но апелираше возачите да возат внимателно поради појава на одрони.

Видеото може да го проследите на официјалната Фејсбук страна на Инфомакс, на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Делчево ќе биде без вода најмалку…

Пукна разводен елемент во главна шахта во…

(Фото-галерија) ООЦК Делчево годинава го освои првото…

На 24 јуни 2026 година, во преполната…

УХМР предупредува: Очекувајте дожд, грмотевици, ветер и…

Под влијание на циклонска активност времето утре…

(Видео) Невреме во Задар, автомобил падна во…

Силно невреме утрово го погоди хрватскиот град…

Невреме во западна Србија, издадено предупредување за…

Невреме со силен дожд, грмежи и локално…