(Видео) Иранците објавија „црна листа“ на светски лидери, италијанските служби истражуваат дали таа е официјален став на режимот
Италијанските разузнавачки служби се обидуваат да утврдат кој стои зад весникот во Техеран кој ѝ се закани на премиерката Џорџија Мелони и ја прогласи неа, заедно со други западни лидери, за одговорна за атентатот врз врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, објави „Ла Република“.
Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, вети одмазда за смртта на неговиот татко Али, кој беше убиен во американско-израелски напад на почетокот на војната.
Весникот „Хамшари“, кој е поврзан со градската влада на Техеран, потоа објави „црн список“ на одговорни за атентатот. На списокот се наоѓаат американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како и европски лидери, вклучувајќи ја и италијанската премиерка.
Италијанските служби истражуваат кој стои зад весникот и дали „црната листа“ може да се смета за официјален став на режимот. Не е исклучена можноста за повикување на иранскиот амбасадор во Италија на разговори.
На сликата се прикажани:
- Бенџамин Нетанјаху, израелски премиер
- Доналд Трамп, претседател на Соединетите Американски Држави
- Израел Кац, израелски министер за одбрана
- Бред Купер, адмирал и командант на Централната команда на САД, ЦЕНТКОМ
- Пит Хегсет, секретар за одбрана на САД
- Марко Рубио, државен секретар на САД
- Мајк Хакаби, амбасадор на САД во Израел
- Ејал Замир, началник на Генералштабот на израелската армија
- Џорџија Мелони, италијански премиер
- Гидеон Саар, израелски министер за надворешни работи
- Фридрих Мерц, германски канцелар
- Емануел Макрон, француски претседател
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Зеленски предупредува: Однесувајте се кон рускиот…
Зеленски преку видео обраќање побара светот да…
Германија ја носи руската саботажа пред Советот…
По обидот за бомбашки напад на аеродромот…
Муцунски: Македонија силно го осудува рускиот хибриден…
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски преку…
Иран по американските напади: „Строга казна ги…
Иранската ИРГК се заканува со „строга казна“…
Руте: Стоиме солидарни со Германија по руските…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте преку…