(Видео) И армиските “Волци” ќе помогнат: Продолжува потрагата по исчезнатото момче во Глажња

t

Се уште трае потрагата по момчето кое пред неколку дена влезе во водите на Глажња, во липковскиот регион.

-Потрагата по 29 годишниот маж кој исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња се одвива трет ден.
Поради тешкиот терен за пребарување, многу косиот брег и голема длабочина која започнува веднаш по влегувањето во водата а на петнаесетина метри оддалеченост од брегот достигнува 40 метри, трет ден се ангажирани 10 нуркачи од САЕ Тигар кои се обучени да нуркаат до 40 метри длабочина.


Тим за спасување на ДЗС од Велес врши површинска потрага по брегот на езерото а екипи на СВР Куманово го обезбедуваат местото на несреќата.
Во текот на денешната потрага повторно е употребен подводен дрон на здружението Еко Турист Охрид, со кој се пребарува езерското дно, а неколку можни места се бележени и потоа се пребаруваат од нуркачите на Тигрите.

Во секој момент треба да пристигнат и 8 нуркачи од армиските специјалци Волци кои ќе се приклучат на потрагата. – вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Паметните часовници ќе спасуваат животи, отсега автоматски…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) продолжува…

ЦУК алармира: Не е безбеден патот меѓу…

РЦУК Скопје известува дека од Општина Карпош…

Спасен човек во Видовиште: Неподвижен три дена…

Преку Единствениот бројот за итни случаи 112…

Четири пожари на отворено во последното деноноќие

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало…

ЦУК апелира за редовно чистење на локалните…

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК)…