(Видео) И Мицкоски спремил одело за во Влада: По консултациите на Ковачевски со партиското раководство, ќе се договараат деталите за влез на ВМРО-ДПМНЕ во Влада

t

По вчерашната лидерска средба во клубот на пратеници, Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски повеќе од очигледно е дека постигнале договор за влез на ВМРО-ДПМНЕ во владата на СДСМ.

Мицкоски вчера истакна дека прифаќа да биде дел од една таква Влада со единствен услов ДУИ да не биде дел од истата.

Денеска Мицкоски од Кочани потврди дека влегува во Владата на Ковачевски.

-Ова е преодна Влада која ќе има важност до организација на изборите. Потоа граѓаните ќе одлучат, добро е да сме дел од тој процес.

Ковачевски за утре свикува итни седници на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ.

Состаноците на највисоките тела на партијата доаѓаат веднаш после одржувањето на лидерската средба а повод се промената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои ги прифатија уставните измени нивно учество во Влада за европска иднина.

Во вакви нови околности заседаваат органите на партијата а очекувано е темата да биде начинот и формата со којашто ќе продолжат разговорите со ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во меѓународна акција на Европол уапсени 354…

Во меѓународна полициска акција координирана од Европол,…

Седум од десет Европејци сакаат ЕУ да…

Околу 71 отсто од Европејците сакаат Европската…

Трамп го молел шефот на „Енвидиа“ да…

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот телефонски…

Савески со апел до граѓаните: Не молчете…

Државниот јавен обвинител Ненад Савески упати директен…

Од понеделник ќе работи и експозитурата на…

Во насока на проширување на достапноста на…