Објавено на:

(Видео) Кадиров правеше склекови во живо на телевизија

t

Низ социјалните мрежи се прошири видео од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров како прави склекови за време на гостувањето во емисија на руската телевизија. Видеото го објави американската новинарка Џулија Дејвис, која ги следи руските медиуми и објавува клипови со превод за да ја приближи руската пропаганда до западната публика.

„Во меѓувреме во Русија, Рамзан Кадиров реши да ги импресионира сите обидувајќи се да направи склекови“, напиша Дејвис кадарот.

Во телевизиското студио беше и придружбата на чеченскиот лидер, која со аплауз ги поздрави неговите склекови. Кадиров е силен поддржувач на руската инвазија на Украина, а на почетокот на октомври најави дека во војна ќе испрати тројца негови малолетни синови. Неколку недели по таа објава, тој сподели видео од неговите тројца малолетни синови како му носат „подарок“ од бојното поле, тројца затвореници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден: Израел се согласи на прекин на…

Претседателот на САД – Џо Бајден изјави…

Арсовска со честитки за припадниците на исламската…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска им…

Кадиров му одговори на Маск: Не си…

Чеченскиот лидер Кадиров му одговори на Илон…