(Видео) Каевски: Бараме итно ослободување на новинарот Салиу – Ова е брутален притисок врз новинари!
ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО на најбезобразен, брутален начин со апсење на новинарот Фуркан Салиу, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.
– СДСМ го осудува овој недемократски чин и бара негово ослободување веднаш!
На сите им е јасно дека е ова обид за замолчување и заплашување откако новинарот објави афера директно поврзана со ДПМНЕ. На чело на СВР Скопје и ЕБР е новопоставени началници од страна на Тошковски. Значи началниците назначени од Тошковски и ДПМНЕ дале наредба за апсење на новинарот Салиу.
Ова е загрозување на слободата, на демократијата, на слободата на говор загарантирана со Устав. Директен, брутален притисок врз независните новинари, врз оние кои истражуваат и работат за јавниот интерес.
За седум години власт не само што нема уапсен новинар, не само што претставките против новинарите од функционери пред судовите се минато, туку Владата предводена од СДСМ донесе низа законски решенија со кои се гарантира заштитата на новинарите.
ДПМНЕ за само два месеци покажа како мисли да ја практикува власта доколку ја добие, со сила!
Во демократска држава во април мириса на пролет, а со ДПМНЕ на чело на МВР кај нас мириса на режим. Се уште се свежи сеќавањата за апсењето на новинарот Кежаровски. Ова значи дека нема апсолутно никаква промена во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија.
Уште еднаш, СДСМ бара новинарот веднаш да биде ослободен! Заплашувањето и злоупотребата на МВР и другите институции под капа на ДПМНЕ мора да прекине! Заедно со граѓаните ќе направиме се што е потребно Фуркан да може слободно и безбедно да ја кажува вистината и понатаму, а полициската бруталност да биде спречена! – истакна Каевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…
Филипче: МВР да истражи што се случило…
Недозволиво е за една ваква сериозна работа…