(Видео) Каква ли генерација беше ова: Панчев, Рингов, Џипунов, Савевски.. – Шампиони на Југославија!
Денешниот ден 14 јуни е со златни букви запишан во историјата на нашиот клуб, бидејќи на овој ден во 1987 година, Вардар стана шампион на Југославија и е единствен клуб од Македонија кој успеал во тоа. Тимот предводен од Андон Дончевски и помошниците Методије Спасовски и Кочо Димитровски успеа да освои 38 бодови, со 15 победи и 8 нерешени средби, од вкупно одиграните 34 првенствени натпревари.
Во таа сезона поради лажирање на натпревари во претходната 1985/86 десет тимови во првенството почнаа со минус 6 бодови по одлуката на Фудбалскиот сојуз која што потоа беше повлечена и по судски пат титулата му беше доделена на Партизан.
Како признание за освоената титула нашиот клуб беше потврден како шампион од страна на УЕФА и доби прилика да се натпреварува во Купот на европските шампиони каде што во првото коло на два пати загубивме од Порто со идентични 3-0, кој што подоцна стана и континентален првак.
За Вардар таа сезона настапуваа Тони Савевски, Драган Канатларовски, Илија Најдоски, Дарко Панчев, Васил Рингов, Вујадин Станојковиќ, Љупчо Марковски, Јовче Џипунов, Бобан Бабунски, Чедомир Јаневски, Момчило Грошев, Милко Симовски, Љупчо Лазаров, Венцислав Симоновски, Мирко Петров, Благоја Тодоровски, Никола Аврамовски, Зоран Трајчевски, Горан Стојановиќ, Николче Филипов, Тони Атанасовски и Јовко Бизимовски.
Најдобар стрелец беше Дарко Панчев со постигнати 18 голови додека Тони Савевски беше најстандарден со 33 настапи во црвено-црниот дрес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Немири во Париз по протестите, маскирани…
Немири избувнаа во Париз на крајот од…
УЈП испраќа предупредувања до граѓаните: Се проверуваат…
Управата за јавни приходи (УЈП) започна со…
Осум повредени на протестите во Тирана, запалена…
Осум лица добиле медицинска помош поради повреди…
Под мотото „Чувари на верата и македонскиот…
Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија…
САД повлекуваат дел од дипломатите од Блискиот…
Соединетите Американски Држави го намалуваат дипломатскиот персонал…