(Видео) Каков резил: Кашиковски од пицерија во Бутел решавал безбедносни прашања за градот и Водовод и канализација
Претседател на Синдикалната организација при Водовод и канализација Скопје, Стојанче Кашиковски потврди дека наместо на своето работно место во претпријатието тој деновите ги поминувал во пицеријата на претседателот на ССМ, Дарко Димовски во скопско Радишани.
Движењето на Кашиковски е едвидентирано од ГПС уредот на неговиот службен автомобил како и од системот за евиденција за присуство на работно место во претријатието од што може да се заклучи дека тој не ги обавувал своите работни задачи во претпријатието туку се нашол во улога на личен шофер на сопругата на Дарко Димовски, Лила Димовска.
Во оправдувањето на прашање на Инфомакс тој одговори дека како одговорен за безбедноста во претпријатието не може да разговара за локациите кои посетувал, но посочи дека како претседател на гранковите синдикат го има секое право да отсуствува од работното место со цел да обавува синдикални работи.
Сепак тој потврди дека со неговиот службен автомобил и со Димовска бил редовен гостин во пицеријата во текот на работното време.
Нејасно е какви синдикални задачи имал Кашиковски заедно со сопругата на Димовски во пицеријата која е во сопственост на претседателот на ССМ.
Како што претходно објавивме речиси секое утро околу 10 часот Димовска го напуштала своето работно место и зградата на Водовод ја заменувала со пицеријата во скопско Радишани. Наместо да ги исполнува своите работни задачи како соработник за безбедност и здравје таа го развивала семејниот бизнис во Радишани.
Ова е евидентирано од ГПС уредот кој се наоѓал во службениот автомобил со кој се превезувала Димовска. Во улогата на личен шофер иако имал други задолженија во ЈП Водовод се нашол Стојанче Кашиковски, претседател на синдикатот на ЈП „Водовод“ кој воедно е раководител на оделение за обезбедување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…
Косово разоткри и обвини српски шпион на…
Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…
Пожари и натаму беснеат во пет општини…
Пожари и денеска се активни во пет…
Пополека ја губиме војната, има уште неколку…
Украина се чини дека полека ја губи…
Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари
Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…