(Видео) Како да се најде одржливо решение за македонски пошти?

t

Која ќе биде судбината на „Македонска пошта“? Додека вработените организираат предупредувачки протести, а граѓаните се незадоволни од услугите, останува отворено прашањето „има ли чаре за спас за државна пошта?“.

Деновиве вицепремиерот за економски прашања Фатмир Бетиќи кажа дека државата размислува за идејата за јавно приватно партнерство на државна пошта.

Ова мислење не го дели поранешниот директор на Агенцијата за пошти и екперт од ова поле, Влатко Атанасоски, кој вели дека за спас на „Пошта“ потребна е промена на бизнис моделот кој сега се базира на достава на обични пратки, укинување на монополот и подобрување на квалитетот на услугите. Според Атанасоски, јавно-приватно партнерство за национален поштенски оператор кој обезбедува услуга од јавен интерес нема никаде во светот, а би било добро делумно да се приватизира и да не биде 100% во сопственост на државата.

И вработените признаваат дека треба да има поголема продуктивност, секој да работи на место според квалификациите, а „Македонска пошта“ да биде поблизу до граѓаните, па и од Синдикатот бараат реформи, бидејќи стравуваат за своите работни места.

Од четвртокот вработените за време на паузите организираат предупредувачки протести, си ја бараат платата за септември, но и средба со Владата. И денеска да добијат пари, велат дека нема да се повлечат од планот за протест пред Влада ако никој од фукционерите деновиве не сака да разговара со нив.

Извор: kanal5.com.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска ги запира преговорите на Црна Гора…

Хрватска не сака прашањето за разграничување на…

Поради силен ветер: На неколку патни правци…

ЈП „Македонијапат“ вечерва информира дека поради силен…

Силен ветер со брзина над 80 километри…

Управата за хидрометеоролошки работи најавува силен југозападен…

Трамп им се јави на европските лидери…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, преку телефон…