Објавено на:

(Видео) Калин Ивановски со удар меѓу нозе свртен со грб го одушеви тенискиот свет

t

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, го игра најдобриот турнир во кариерата, откако се пласира во четвртфиналето на челинџерот во Романија, каде што ги оствари првите победи во овој повисок ранг од тенискиот календар во однос на досегашните настапи.

Станува збор за турнир со награден фонд од 130.000 долари, на кој победникот освојува 100 ранкинг-бодови, што доволно говори за неговиот квалитет, како и за успехот на нашиот талент, за кого ова воедно беа и први две челинџер-победи. Ивановски во вчерашниот триумф против Романецот Филип Кристијан Џиану (3-6, 6-4, 6-3) имаше мајсторски потег, кога освои поен во ситуација кога мораше да го враќа топчето со удар меѓу нозе и тоа свртен со грб кон противникот, кој беше одбележан и од овицијалниот профил на АТП Челинџерите.

Ивановски со пласманот во четвртфиналето веќе обезбеди гарантиран чек од 3.240 евра, како и 20 АТП-поени, со кои 19-годишниот скопјанец ќе напаѓа влез во првите 350 тенисери на светот.

ЛИНК од видеото

Извор: Спорт 1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ