(Видео) Карпош 4 конечно ќе добие катна гаража!
Карпош 4 конечно ќе добие катна гаража! Овој простор меѓу кулите кај мостот „Обединети Нации“ со години беше запоставен и оставен во супстандардна состојба. Нема да дозволиме таму повторно да никне зграда и да се создаде нов урбан хаос, истакна градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.
– Јас одамна реков – овде ќе има катна гаража, три нивоа под земја и четири над земја.
Со тоа конечно ќе се реши проблемот со паркирањето на сите жители од овој дел на Карпош 4.
Нема веќе возила по тротоари, тревници и пристапни улици.
Општината чесно ќе изврши експропријација и ќе плати за земјиштето и објектите што се наоѓаат овде.
Се гради за граѓаните, не за инвеститорите.
Покрај тоа, ќе изградиме катна гаража и кај комплексот „Макотекс“,
со што целосно ќе се растерети овој дел од Карпош.
Карпош во следните 4 години ќе биде симбол за ред, објави Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандализирано детско игралиште во Карпош 1
За жал, повторно сме сведоци на вандализам…
Канделабрата во паркот во Карпош ја откорнало…
Од МВР информираа дека е расчистен случајот…
Без струја делови од Карпош, Центар и…
Без електрична енергија денеска ќе останат делови…
Мајка нападнала дете во игротека во Карпош
На 17.05.2026 во 22:30 часот во СВР…
СДСМ бара вонредна седница на Советот на…
„После распадот на ЗНАМ, сега пукнатините јавно…