(Видео) Кај островот Окинава се запали американскиот воен брод УСС „Њу Орлеанс“
На американскиот воен брод „УСС Њу Орлеанс“, закотвен во близина на јапонскиот остров Окинава, избувна пожар, со кој екипажите се бореа цели 12 часа, а двајца морнари беа полесно повредени во инцидентот. Информацијата ја потврди 7. флота на американската морнарица во Јапонија, пишува Си-Ен-Ен.
Пожарот на амфибискиот транспортен брод, кој носи повеќе од 360 морнари и има капацитет за 800 војници, избувна вчера околу 16 часот по локално време. Според соопштението од морнарицата, пожарот бил изгаснат во раните утрински часови денеска. Сепак, јапонската крајбрежна стража, која учествуваше во напорите за гаснење на пожарот, извести дека напорите продолжиле до 9 часот наутро и дека истрагата за целосно гаснење на пожарот е сè уште во тек.
Американската морнарица потврди дека двајца морнари се здобиле со полесни повреди и биле лекувани во медицинските установи на бродот. За време на пожарот, бродот бил закотвен во поморската база Вајт Бич, која служи како клучна точка за поаѓање на американските маринци и опрема пред распоредување на амфибиски бродови.
На екипажот на бродот „УСС Њу Орлеанс“ му помогнале колегите од бродот „УСС Сан Диего“, кој исто така бил закотвен во базата. „Клучна поддршка за напорите за гаснење пожари обезбедија и Јапонската крајбрежна стража, Јапонските поморски сили за самоодбрана и други команди на американската морнарица во Окинава“, се вели во соопштението. Снимките од јапонскиот јавен радиодифузер НХК покажаа реморкери како истураат вода на предниот дел од бродот.
🚨BREAKING NEWS Fire has broke out aboard the USS New Orleans off the Okinawa coast at U.S. Naval Base White Beach. No casualties reported at this time. NHK reporting Japanese Coast Guard ships assisting to put out the fire. The 684' Northrop Grumman LPD has a crew of 400. And… pic.twitter.com/gjabwZZBdZ
— #TheFreeHawaiian (@free_hawaiian) August 20, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поевтино гориво од утре: Дизелот поевтинува за…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
ДУИ се пожали: Со ниту една седница…
Ниту еден од првите албански заменици-премиери во…
Багеи: Земјите во регионот повеќе не можат…
Земјите од Блискиот Исток повеќе не можат…
Полицијата апсеше во Штип – лишени од…
Пронајдени марихуана и кокаин во Штип, лишени…
До среда многу топло, од четврток доаѓа…
Времето утре сончево и многу топло со…