(Видео) Киев одново нападнат: Повторно мета термоелектрана, дел од градот остана и без струја

t

Рускиот ракетен напад врз Украина продолжи и денеска, на 236-от ден од војната. Во повеќето региони на Украина е прогласена опасност од воздух.

Во Киев имаше напад на ТЕ-6

Уште еден удар врз критичната инфраструктура на Украина падна на ТЕ-6. На лице место избувнал голем пожар. Од зградата на електраната излегува чад. Претходно беше објавено дека во Киев има прекин на електричната енергија.

Напад и на Харков, луѓето се засолнуваат во метрото

Харков беше нападнат рано утринава. Се слушнале две серии експлозии со разлика од 5 минути. Според украинските власти, погодена е една индустриска компанија. Жителите побараа засолниште од нападот во метрото во Харков. Железничкиот сообраќај е во прекин.

Нападнат Днепропетровск

Градот Дњепропетровск рано утринава бил нападнат со крстосувачки ракети. Според украински извори, нападната е електричната инфраструктура, а на местото на нападот избувнал пожар

Повторно почнаа воздушните напади врз Украина

Воздушна тревога е прогласена во регионите Киев, Кировохрад, Черкаси, Полтава, Днепропетровск, Миколаев во Украина, јави украинската агенција УНИАН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…