ВИДЕО: Кикс на Милан, шанса за Интер да се врати на врвот
Вечерва во 32 коло Милан го запиша и второто реми по ред во најсилната италијанска лига откако ремизираше без голови (0:0) на гостувањето кај Торино.
На табелата „росонерите“ остануваат првопласирани на табелата во Серија А со 68 бодови, два повеќе од градскиот ривал Интер кој има меч помалку.
Тимот на Стефано Пиоли немаше најдобро издание, за што сведочи податокот дека до гол најблиску беше кога Тео Ернандес бараше прекршок во противничкиот шеснаесетник како и Жуниор Месијас пред самиот крај на мечот. Судијата и во двете ситуации не покажа на белата точка.
На спротивната страна привремено се закануваше можеби и идниот играч на Милан, Андреа Белоти, но далеку од некоја посериозна шанса.
Денешното реми на Милан беше добра вест и за Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој загуби на домашен терен од Фиорентина (2:3).
https://player.crazyvidup.com/player/html/d9XL0Praa6blg?popup=fromblocked&autoplay=1
Во следното коло на 15 април Милан ќе ја пречека Џенова, истиот ден Интер гостува кај Специја, а три дена подоцна Наполи во дербито ќе игра против Рома.
Рома беше подобра од Салернитана со 2:1, гостите водеа со голот на Радовановиќ, а римскиот клуб направи пресврт во вториот дел со погодоците на Перез и Смолинг.
https://player.crazyvidup.com/player/html/7H1fgAEzZqkrI?popup=fromblocked&autoplay=1
https://player.crazyvidup.com/player/html/7H1fgAEzZqkrI?popup=fromblocked&autoplay=1
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија подготвува стратегија и закон за вештачка…
Македонија се подготвува за прв посериозен обид…
Мицкоски: Менталитетот и карактерот на оваа Влада…
Ние не сме сами во светот. Во…
Експертска група на ОН утврди дека има…
Експертска група за човекови права на Обединетите…
Вучиќ е во Украина – присуствува на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се огласи…
Кина го предупреди Трамп: Не се мешајте…
Кина остро се спротивстави на новиот пакет…