Објавено на:

(Видео) Кина го почнува тестирањето на најнапредниот носач на авиони

t

Кина денес го почна тестирањето на море на својот трет и најнапреден носач на авиони Фуџијан, јавија државните медиуми. Почетокот на тестирањата следува речиси две години откако носачот на авиони беше за прв пат претставен во јуни 2022.

Фуџијан, кој е целосно дизајниран и изграден во земјата, е поголем и понапреден од Шандонг, пуштен во употреба на крајот на 2019, и Лианонинг, кој Кина го купи половен од Украина во 1998.

Развојот на Фуџијан е дел од стратегијата на кинескиот претседател Си Џинпинг кој сака Кина да стане надмоќна воена сила во регионот, со морнарица способна да проектира моќ далеку од кинескиот брег.

Фуџијан, кој има напреден систем за млазни авиони, го доби името по кинеската покраина наспроти Тајван. Беше стациониран во бродоградилиштето Џијангнан во Шангај, каде беше подложен на тестирања. ЦЦТВ јави дека бродот Фуџијан испловил утринава нешто по осум часот.

Тестирањето на море е последниот чекор пред кинеската морнарица да почне да го користи носачот на авиони. Се очекува тој процес да трае до една година. Шангдонг помина девет поморски тестови пред почетокот на користењето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанка договорила средба со момче на Водно,…

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(25),…

Блинкен: Во следните недели е можна нова…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, би можел „во…

Популарните „Чкембари“ најавуваат „инвазија“ на Скопје

Доаѓа самата завршница на ракометната сезона во…

Какво време не очекува денес и во…

Времето денес ќе биди променливо облачно со…

Календар на МПЦ: Денес се слават овие…

Светите маченици Тимотеј и Мавра Судбината на…