(Видео) Кина првпат успеа да врати дел од ракета на копно
Кина првпат успешно го врати првиот степен од ракета по утринското лансирање и го спушти на копно, што е нов чекор во развојот на нејзината вселенска програма. Државните медиуми објавија дека ова е второ успешно враќање на ракетен степен во Кина. Првиот се случи во јули, кога степенот од друга ракета беше спуштен на платформа на море, пишува АП.
Првиот степен е долниот и најголем дел од ракетата, кој содржи мотори и гориво потребни за почетната фаза од летот. Откако ќе го потроши горивото и ќе се одвои од остатокот од ракетата, вообичаено се фрла. Кај повеќекратните ракети целта е тој дел контролирано да се врати на Земјата за да може повторно да се користи.
Ракетата се врати на копно
Според кинеската државна агенција „Синхуа“, повеќекратната ракета „Џуќуе-3“ беше лансирана утринава, а нејзиниот прв степен по одвојувањето успешно се врати на земјата.
„Синхуа“ наведува дека Кина при ова слетување првпат употреби склопливи ногарки за приземјување. Станува збор за носачи кои се отвораат пред допирот со земјата и ѝ овозможуваат на ракетата да се спушти.
Важноста на повторното користење на ракетите
Можноста за повторно користење делови од ракетата е важна бидејќи може значително да ги намали трошоците за вселенските летови. Наместо големите и скапи делови од ракетата по секое лансирање да се фрлаат, тие контролирано се враќаат на Земјата и можат повторно да се употребат.
Американските компании „Спејс екс“ и „Блу Ориџин“, во сопственост на Илон Маск и Џеф Безос, изведуваат такви маневри уште од 2015 година. Со повторната употреба на опремата се намалуваат трошоците за новите лансирања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Кина првпат успеа да врати дел…
Кина првпат успешно го врати првиот степен…
ОАЕ: Две ракети од Иран паднаа во…
Обединетите Арапски Емирати објавија дека откриле две…
„Ер трактор“ падна во морето во Грција:…
Уште еден инцидент со летало за гаснење…
САД обвинија 17 Иранци за 10-годишна кампања…
Американските федерални обвинители поднесоа обвинение во 14…
Организиран вонреден превоз за сите верници до…
По повод празникот Успение на Пресвета Богородица…