(Видео) Кина успешно ја лансираше ракетата „паметен змеј 3“
Кина во средата успешно лансираше носечка ракета од водите кај источната провинција Шандонг, со која во орбитата беа поставени два хиперспектрални сателити. Тие ќе овозможат високопрецизно набљудување на територијата на Кина, како и масовен мониторинг на копното и морињата низ целиот свет.
Ракетата Smart Dragon 3 полета во 10:38 часот по пекиншко време во близина на градот Хаијанг. Со неа во планираната орбита беа испратени сателитите Oriental Smart Eye 01 и Oriental Smart Eye 02, а мисијата беше спроведена од Центарот за лансирање сателити Тајуан.
Секој од сателитите тежи околу 300 килограми и е опремен со хиперспектрална камера која има 22 калибрирани спектрални опсези, просторна резолуција од 5 метри и ширина на снимање од 300 километри.
Работејќи заедно, двата сателити ќе можат да обезбедуваат глобално покривање на истите области на секои пет дена, што ќе овозможи почесто и попрецизно следење на промените на Земјината површина и морските области.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД подготвуваат нови царини за најмалку 14…
САД се подготвуваат да објават нови царини…
ЕУ планира да вложи до 50 милијарди…
Европската Унија планира да вложи до 50…
Кинески владин службеник осуден на смрт поради…
Еден кинески владин службеник е осуден на…
Трамп, Путин и Си во заедничка изјава:…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, рускиот претседател…
Трамп: САД не ја поддржуваат независноста на…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…