(Видео) Граѓани од втор ред: Коалициониот партнер на Мицкоски го руши стадионот на Тетекс – Секретарот на општината од ВМРО-ДПМНЕ молчи?!

t

Биљал Касами го урива стадионот на ФК Тетекс изграден за потребите на клубот попознат како градски стадион во Тетово.

Неодамна на култниот македонски клуб, сега член на Втората лига, Тетекс му беше забрането користењето на „Градскиот стадион“ во Тетово. Сега Касами и општинската администрација од која е дел и ВМРО-ДПМНЕ сега го урива легендарниот стадион дом на клубот.

На Тетекс му беше забрането да игра на својот матичен терен со објаснување од Касами и градските власти дека стадионот е „резервиран“ само за екипите од Првата лига, но се поставува прашањето како тогаш на истиот стадион може да играат тимови како Скендербег од Порој и Чаклани од Палчиште.

Стадионот веќе се урива и е даден во целосна сопственост на компанијата Еколог која пак е сопственик на фудбалскиот тим Шкендија што пак упатува дека Тетекс никогаш повеќе нема да може да заигра на својот стадион.

Да се потсетиме дека крстот на Попова Шапка претходно беше една од главните теми во македонската јавност, а прашањето кое се поставуваше е дали човек на Мицкоски го потпишал решението за уривање на крстот и дали воопшто се обидел да спречи донесување на ваква одлука?

Имено Дарко Коцевски поранешен претседател на ОК Тетово на ВМРО-ДПМНЕ е секретар на општина Тетово и е човек низ чии раце поминуваат сите одлуки на општината. Прашањето е како Коцевски дозволил да му се забрани на ФК Тетекс да игра на сопствениот стадион и истиот потоа да се урива и да се предаде во целост на ФК Шкендија.

Вака ли замислува Мицкоски да ги заштитува интересите на Македонците и во централната власт, да не заборавиме дека Македонците во Тетово навиваат за ФК Тетекс додека Албанците за ФК Шкендија. До кога Македонците во Тетово ќе бидат граѓани од втор ред? Или целта е да се дојде на власт по секоја цена?!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зоран Милановиќ го поддржа Пендаровски

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го поддржа актуелниот…

Шефот на финската армија: Европа треба да…

Новиот шеф на вооружените сили на Финска,…

Спасовски: Просечна плата од 1.100 евра и…

Носителот на листа на кандидати за пратеници…

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават…

Левица како нова генерација млади политичари на…

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа…

Владата на Република Македонија ја разгледа и…