(Видео) Коалицијата на дело: ДПМНЕ и СДСМ ѝ подарија на министерката за култура тендер за изградба на Универзалната сала

t

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ѝ подарија тендер за изградба на Универзалната сала на министерката за култура, истакна вчера од говорницата во Советот на Град Скопје, советникот од редовите на Левица, Реџеп Исмаил.

-На вчерашната 32ра Седница на Советот на Град Скопје, преку советничката група на СДСМ, Министерството за култура поднесе Иницијатива за времено отстапување на корисничкото право на објектот ЈУ Универзална сала од Град Скопје на Министерството за култура при Влада на РМ.

Иницијативата беше изгласана со заеднички гласови на СДСМ и ДПМНЕ. Иницијативата беше на дневен ред и на претходните седници, но тогаш истата не беше поддржана од советничката група на ДПМНЕ, но сега, на вчерашната Седница, оваа советничка група одлучи да ја поддржи иницијативата, односно, да прифати Универзална сала да биде градена од страна на Министеството за култура раководено од најнеспособната и скандалозна министерка, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Советничката група на Левица во Град Скопје гласаше против ваквата одлука, а координаторот, Реџеп Исмаил-Хактан, во своето излагање во Советот, укажа на грешката која Советот ја прави со предавање на сопственоста на ЈУ Универзална сала во рацете на Министерката за култура, која и културните работници но и институциите под нејзина ингеренција ги има оставено на забот на времето. А културата воопшто, под палката на Министерката Костадиновска е претворена во партиска пропаганда на владеачката гарнитура! – истакна Исмаил.

Градоначалничката на Град Сокпје, Данела Арсовска, претходно во неколку наврати истакна дека проектот кој Градот Скопје го добил и беше започнат е небезбеден и со многу недостатоци. Новото тхничко решение кое е целосно безбедно беше изработено и градоначалничката истакна дека корегираниот проект е безбеден и сигурен за скопјани, но и за сите посетители на Универзалната Сала.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…

На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…

АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…

(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…

Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…

Филипче денес се најде да зборува за…

Ѓорѓиевски: Скопје се гради, Македонија се движи…

Ги решивме имотно-правните пречки кај клучката „Момин…