(Видео) Ковачевски ги објави новите мерки: Владата ќе даде се од себе за Македонија да ја надмине кризата, никој нема да биде заборавен

t

Клучната порака е дека никого нема да заборавиме и никого нема да оставиме да се справува сам со кризата.

Моја работа е да овозможам сите заедно да ја пребродиме зимата на најдобар можен начин, а знам дека на пролет ќе биде подобро.

Оваа криза не е само тука туку и во најголемите светски земји посочи Ковачевски, а како пример ја спомена кризата за горива во Франција.

– Заедно со нашите партнери од ЕУ и регионот ќе се погрижиме буквално сите да бифат згрижени оваа зима. Ќе биде тешко и кај нас и во многу земји но тука дома ние ќе се погриѓиме да имаме доволно греење и храна за да ја преживееме зимата.

Денес со најновата одлука повтонро менаџираме со буџетот и ги враќаме парите кај граѓаните, сетот мерки е вреден над 350 милиони евра.

Вкупниот пакет на антиктизни мерки досега изнесува 750 милиони евра, посочи премиерот.

– Мојата цел е да ги искористиме максимално ресурсите кои ги имаме, вели Ковачевски кој посочи дека тимови на владата беа во Грција, Бугарија, Србија и Турција во “поход” за набавка на енергенси и оддаде дека сега веќе нема простор за изобили, туку е време на солидарност.

Ковачевски наброи низа мерки кои продолжуват или се продлабочуваат во следниот период:

  • Повластена даночна стапка од 5% за снабдување со електрична енергија кон домаќинствата
  • Продолжува и програмата за енергетска сиромаштија со која парично и директно се помагаат 4000 семејства и им обезбедуваме намалени сметки за потрошената електрична енергија. Секое семејство е помогнато со скоро 200 евра во текот на целата година
  • Продолжува финансирањето на општините за проекти за енергетска ефикасност
  • Го одложуваме воведувањето на еколошката такса поради стопанството, во буџетот тоа ќе се над 25 милиони евра но тие пари стопанстово ќе ги искористи за да се справи со кризата
  • Компаниите ги ослободуваме од плаќањето ДДВ при увоз на природен гас и електирчна енергија, топлинска или енергија за разладување
  • Поволните кредити за инвестиции за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија продолжуват и понатаму
  • Од април досега ја субвенционираме пазарната цена на струјата и тоа со 80%
  • Продолжуваме со мерката за субвенционрање на цената на електрична енергија за што издвоивме дополнителни средства. Одвоени за цела година се вкупно 222,7 милиони евра.
  • Обезбедени се средства за раст на пензиите, поддршка на платите, повиоки приноси, стабилизирање на цените на храната…

Мерки:

  • Исплата на еднократна помош од 3000 денари за примателите на гарантирана минимална помош, а тоа се 36 илјади домаќинства за што се одвоени скоро 40 милиони евра
  • Зголемување на пензиите согласно новата методологија
  • Субвенционирање за поддршка на придонеси на платите на вработените во приватниот сектор, со којшто државата го субвенционира придонесот кога работодавачот ја зголемува платата
  • Субвенции за директна финансиска поддршка на земјоделскиот сектор, за што се издвоени 52 милиони евра.
  • Се враќаат парите кај граѓаните преку МОЈ ДДВ

Нови мерки за соцјално ранливи категории на граѓани:

  • По 3000 денари месечно во следните четири месеци за скоро 42000 граѓани, лица коикористат право за попреченост, родители на деца со попреченост до 26 години, самохрани родители, корисници на ГМП – за оваа мерка вкупно с еиздвоени над 8 милиони евра
  • Директна финансиска поддршка од 6000 денари во следните четири месеци значи 1500 денари месечно и за пензионерите кои земааат најмала пензија.
  • Директна помош од 3000 денари за пензионерите кои земаат пензија од 11 до 14.000 денари.

Мерки за приватниот сектор:

  • Се проширува опсегот на компании кои се корисници на кредитно-гарантните шеми од Развојната банка
  • Директна кредитна линија за поддршка на ликвидноста на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии
  • Забрзан и зголемен поврат на ДДВ со помалку до 30 дена за поврат на ДДВ
  • Поволна консултантска подршка за изработување на студии за извори на обновлива енергија
  • Кредити за инвестирање во обновливи извори на енергија

Ковачевски на крајот нагласи дек Македонија ќе ја преброди оваа криза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемени безбедносни мерки во Чешка поради можен…

Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан…

Засилени мерки за безбедност во трговските центри…

Министерството за внатрешни работи им порача на…

Инфлацијата се намали, мерките дадоа резултат, велат…

Мерките и политиките на СДСМ во насока…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…