(Видео) Ковачевски ги објави новите мерки: Владата ќе даде се од себе за Македонија да ја надмине кризата, никој нема да биде заборавен
Клучната порака е дека никого нема да заборавиме и никого нема да оставиме да се справува сам со кризата.
Моја работа е да овозможам сите заедно да ја пребродиме зимата на најдобар можен начин, а знам дека на пролет ќе биде подобро.
Оваа криза не е само тука туку и во најголемите светски земји посочи Ковачевски, а како пример ја спомена кризата за горива во Франција.
– Заедно со нашите партнери од ЕУ и регионот ќе се погрижиме буквално сите да бифат згрижени оваа зима. Ќе биде тешко и кај нас и во многу земји но тука дома ние ќе се погриѓиме да имаме доволно греење и храна за да ја преживееме зимата.
Денес со најновата одлука повтонро менаџираме со буџетот и ги враќаме парите кај граѓаните, сетот мерки е вреден над 350 милиони евра.
Вкупниот пакет на антиктизни мерки досега изнесува 750 милиони евра, посочи премиерот.
– Мојата цел е да ги искористиме максимално ресурсите кои ги имаме, вели Ковачевски кој посочи дека тимови на владата беа во Грција, Бугарија, Србија и Турција во “поход” за набавка на енергенси и оддаде дека сега веќе нема простор за изобили, туку е време на солидарност.
Ковачевски наброи низа мерки кои продолжуват или се продлабочуваат во следниот период:
- Повластена даночна стапка од 5% за снабдување со електрична енергија кон домаќинствата
- Продолжува и програмата за енергетска сиромаштија со која парично и директно се помагаат 4000 семејства и им обезбедуваме намалени сметки за потрошената електрична енергија. Секое семејство е помогнато со скоро 200 евра во текот на целата година
- Продолжува финансирањето на општините за проекти за енергетска ефикасност
- Го одложуваме воведувањето на еколошката такса поради стопанството, во буџетот тоа ќе се над 25 милиони евра но тие пари стопанстово ќе ги искористи за да се справи со кризата
- Компаниите ги ослободуваме од плаќањето ДДВ при увоз на природен гас и електирчна енергија, топлинска или енергија за разладување
- Поволните кредити за инвестиции за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија продолжуват и понатаму
- Од април досега ја субвенционираме пазарната цена на струјата и тоа со 80%
- Продолжуваме со мерката за субвенционрање на цената на електрична енергија за што издвоивме дополнителни средства. Одвоени за цела година се вкупно 222,7 милиони евра.
- Обезбедени се средства за раст на пензиите, поддршка на платите, повиоки приноси, стабилизирање на цените на храната…
Мерки:
- Исплата на еднократна помош од 3000 денари за примателите на гарантирана минимална помош, а тоа се 36 илјади домаќинства за што се одвоени скоро 40 милиони евра
- Зголемување на пензиите согласно новата методологија
- Субвенционирање за поддршка на придонеси на платите на вработените во приватниот сектор, со којшто државата го субвенционира придонесот кога работодавачот ја зголемува платата
- Субвенции за директна финансиска поддршка на земјоделскиот сектор, за што се издвоени 52 милиони евра.
- Се враќаат парите кај граѓаните преку МОЈ ДДВ
Нови мерки за соцјално ранливи категории на граѓани:
- По 3000 денари месечно во следните четири месеци за скоро 42000 граѓани, лица коикористат право за попреченост, родители на деца со попреченост до 26 години, самохрани родители, корисници на ГМП – за оваа мерка вкупно с еиздвоени над 8 милиони евра
- Директна финансиска поддршка од 6000 денари во следните четири месеци значи 1500 денари месечно и за пензионерите кои земааат најмала пензија.
- Директна помош од 3000 денари за пензионерите кои земаат пензија од 11 до 14.000 денари.
Мерки за приватниот сектор:
- Се проширува опсегот на компании кои се корисници на кредитно-гарантните шеми од Развојната банка
- Директна кредитна линија за поддршка на ликвидноста на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии
- Забрзан и зголемен поврат на ДДВ со помалку до 30 дена за поврат на ДДВ
- Поволна консултантска подршка за изработување на студии за извори на обновлива енергија
- Кредити за инвестирање во обновливи извори на енергија
Ковачевски на крајот нагласи дек Македонија ќе ја преброди оваа криза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Индискиот премиер до граѓаните: Штедете гориво, работете…
Индискиот премиер ги повика граѓаните да штедат…
СДСМ: Јагнешкото е 700 денари, поскапеа и…
Соопштение за јавност на СДСМ Владата предводена…
Престануваат да важат мерките и препораките за…
Прекинат е прагот на алармирање, престануваат да…
Анализа на вода, ограничување на ученици и…
Министерството за животна средина и просторно планирање,…
Бремените жени и постарите од 60 години…
Од денеска се активира фаза 3 од…