(Видео) Ковачевски го доби најтешкото прашање од пензионерка: Го праша премиерот зошто најмалите пензии не добиваат најголемо покачување на пензиите
Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше на посета на маркет во населба Тафталиџе, каде имаше можност да се запознае со цените на производите.
При изјава за медиумите, една граѓанка му се доближи на премиерот и го праша зошто најмалите пензии не добиваат најголемо зголемување.
Граѓанка: Вака сега, може ли обратно едно прашање? На најмалите пензии да идат 4, а на најголемите да идат помалку?
На ова Ковачевски истакна дека тоа е прашање кое они го разговарале со Асоцијацијата на здружение на пензионери.
„Еднаш имаше обид во минатото, пред повеќе од 15 години за една таква методологија, меѓутоа со оглед на тоа дека пензијата е право од работен однос, а не право од социјална заштита, проблемот е што ако тоа се направи тогаш се доведува во прашање законитоста на таа идеја. Затоа направивме еднократни финансиски надоместоци за оние кои имаат пониски пензии од просечната плата“, вели Ковачевски.
На ова граѓанката посочи дека навистина се зголемени цените на производите, што со една пензија не можат ни лекови да купат…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…