(Видео) Ковачевски го попарил Курти во Атина, Вучиќ пријатно изненаден: “Само тој зборуваше многу остро против Курти!”

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ за српските медиуми изјавил дека единствено македонскиот премиер Димитар Ковачевски остро и критички зборувал против премиерот на Косово Албин Курти за време на самитот на лидерите во регионот што се одржува деновиве во Атина.

Вучиќ посочил дека на средбата во Атина премиерот Ковачевски жестоко реагирал на она што Курти го направил во Тетово.

„Тој пред сите зборуваше многу остро против Курти, што изненади многумина“ – рекол српскиот претседател Вучиќ. Видов кога Димитар Ковачевски многу силно му реагираше на Албин Курти за она што го направи во Тетово. Многу силно, јавно и отворено и сакам да ги замолам нашите функционери, дури и кога немаат намера, да бидат внимателни, да не им излезе ништо што би можело да биде искористено од страна на некои, за и нас да не направат исти како Курти – рече Вучиќ за РТС.

Тој посочи дека синоќа долго разговарал со Ковачевски и му кажал дека ако било кој во Македонија се чувствува навреден за било што, иако тој лично смета дека нема причина за тоа, тогаш се извинува бидејќи, како што рече, Македонците се наши браќа и немаме никаков проблем со нив“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…

Возило без регистарски таблички е запрено во…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…

Група од околу 20 претставници на Европскиот…

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…