(Видео) Ковачевски го честита Денот на независноста: Обединувањето на граѓаните е гаранција за домашниот мир
По повод Денот на независноста, претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, упати честитка до сите граѓанки и граѓани во државата, со порака дека обединети во слободата треба да ги продолжиме перспективите, затоа што историјата не учи дека за секој важен чекор напред, е потребно обединување.
„Обединувањето на граѓаните е гаранција за домашниот мир. Добрососедските односи се гаранција за регионалниот мир. А нашето обединување меѓу 27-те членки на Европската Унија е реална и неопходна перспектива за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните, според европските принципи и вредности.
Започнатите преговори со Европска Унија во план е да ги завршиме многу брзо. Работиме напорно и со брза динамика граѓаните на Република Македонија да бидат што поскоро дел од европското семејство.
На овој 8-ми Септември, повикувам сите заедно, обединети во слободата, да се обединиме и околу идејата за Република Македонија којашто брзо чекори по европскиот пат. Да се издигнеме на висина на должноста, за да ја добиеме нашата генерациска битка“, вели Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…