(Видео) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

t

СДСМ го обезбеди членството во НАТО! СДСМ ги отвори преговорите со ЕУ по 17 години чекање. Ние докажавме дека нема откажување од европскиот пат”, истакнапретседателот на СДСМ и носител на листата во Изборната единица 1 на Коалицијата за европска иднина, Димитар Ковачевски, на денешниот централен митинг, кој симболично се одржа пред седиштето на ЕУ во Скопје.

Ковачевски им порача на граѓаните дека членството во ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во нашето општество.

Знаеме дека патот до ЕУ не е лесен. Свесни сме дека ЕУ не секогаш беше фер кон нас. Но, дали тоа значи дека треба да се откажеме? Апсолутно не! Со заеднички сили ќе ја придвижиме државата кон Европската Унија”, рече Ковачевски.
Говорејќи за односот на опозициската ВМРО ДПМНЕ во клучните моменти за државата, Ковачевски рече дека додека СДСМ ја внесуваше државата во НАТО и ги отвораше преговорите со ЕУ, Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ги заплашуваа граѓаните дека ќе останеме без јазик, без идентитет и без култура.

„Докажавме дека таква опасност не постои. Македонскиот јазик е зачуван! Македонскиот идентитет не е чепнат! Македонската култура е призната и препознаена во целиот свет! Затоа нудиме и бараме национален консензуз, за да се спротивставиме на силите и луѓето кои сакаат Македонија да ја направат повторно своја приватна фирма, свој криминален вилает, за да крадат и грабаат!”, истакна Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Костовски: Нема да отстапам од борбата против…

Борбата со бандити не е меѓуетничка борба.…

Бугарија ќе биде одговорна и за македонскиот…

Бугарија ќе биде одговорна за изградбата на…

Излета „голф“ на патот Куманово-Свети Николе, тешко…

МВР информира дека вчера наутро околу 08:00…

Млад човек починал откако паднал од познатата…

Маж на 21-годишна возраст денеска починал откако…

Османи: Одложувањето на евроинтеграциите станува егзистенцијална закана,…

Понатамошното одложување на европската интеграција се претвора…