(Видео) Ковачевски: Коридорот 10Д ја трансформира Македонија од кружен тек во вистинска крстосница на Балканот
Инвестирањето во капитални проекти е од огромно и историско значење. Еден од тие проекти е и Коридор 10Д. Ова е трајна инвестиција што е од големо значење за сегашните и идните генерации, вели премиерот Димитар Ковачевски.
Тој на Фејсбук напиша:
-Се поврзуваме на исток и запад, со пристаништата во Драч и Бургас, а истовремено ги зајакнуваме и транспортните врски со целиот регион. Коридорот 10Д, ја трансформира нашата држава од кружен тек во вистинска крстосница на Балканот.
Со изградбата на Коридорите 8 и 10Д, ќе бидат отворени околу 8000 нови работни места, а со тоа овозможуваме и развој на економијата во нашата држава.
Во периодот од 2017 до 2022 година, ја покажавме нашата посветеност со инвестиции од над 1 милијарда евра во изградба и рехабилитација на патишта.
Инвестициите во патната инфраструктура се влог во иднината! – стои во објавата на Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…