(Видео) Ковачевски повика да се носат храбри одлуки: Откажувањето е пораз, одлучноста е победа!

t

Премиерот Димитар Ковачевски денеска по повод најголемиот македонски национален празник, Илинден, заедно со владина делегација положи свежо цвеќе на споменикот “Сила, слава и победа” на Скопското Кале.

Почитувани граѓани на самостојна, суверена, независна, прогресивна, европска Македонија, почитувани наследници на Илинденците, почитувани претставници на дипломатскиот кор, нека ни е честит Илинден, Денот на Републиката, огниште на Татковината, започна Ковачевски.

Тој во понатамошниот говор истакна дека идеите и заложбите на Илинденците и АСНОМ се темел на современата македонска држава, дека Илинденското востание е кревање на гласот за слобода и правдина.

Ковачевски рече дека сите најважни одлуки од независноста на Република Македонија се инспирирани од храброста на Илинденците и АСНОМ-ците, меѓу нив и одлуката за членството на Македонија во НАТО.

Секако, премиерот апелираше да се изгласаат уставните измени за Македонија да може да го продолжи патот кон Европската Унија.

– Републиката има потеба од нова државничка одлука, потребно е да се свртиме кон аманетот на Илинденците и Асномците. Тие знаеле дека вреди секој направен чекор напред за македонската државност и нивните одлуки не обврзуваат да одиме напред одлучно и храбро. Сите кои во следниот период ќе носат важни одлуки за граѓаните и државата треба да постапат на ист начин. Дали ќе бидеме дел од европското семејство или ќе останеме изолирани. Секој кој сака да се повикува на патриотизмот во претстојниот период треба да обезбеди контиунитет на прогресот, да погледне длабоко во себе и добро пред себе. Илинден и АСНОМ се одлучување, не откажување, откажувањето е пораз, одлучноста е победа, вели Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

ЕКСКЛУЗИВНО: ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ НА БАНКА УТРОВО ВО…

Вооружен грабеж се случил денеска претпладне во…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…