(Видео) Ковачевски: Со влегувањето на Бугарите во Уставот, се побива тезата дека се работи за еден народ во две држави – тоа е добро за Македонија

t

Екс премиерот, Димитар Ковачевски денеска во „Daily Click“ на ТВ21 истакна дека францускиот предлог во кој стои влегување на бугарското малцинство во македонскиот Устав е добро за Македонија.

Според него, со тоа се побива тезата дека се работи за еден народ во две држави.

„Се потпиша и Договорот Фронтекс, се направи тој француски предлог на база на малцински прашања, наместо да се зборува за прашања од идентитетска природа, ние имаме предлог во кој што бугарското малцинство треба да биде запишано во нашиот Устав. И тоа дополнително сметам дека е добро за Македонија со оглед на тоа дека со влегувањето на бугарското малцинство во македонскиот Устав се побива бугарската теза дека се работи за еден народ во две држави“, вели Ковачевски.

Тој додава дека сега ќе имаме прв документ во кој што и македонското и бугарската етничка заедница се јасно разграничени дека тоа се два различни народи кои зборуваат свои различни јазици, култури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема повеќе да роварат одвнатре – велат…

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија објави…

Денес започнува обврската за зимска опрема

Како и секогаш, и оваа година остануваме…

Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…

Русија сака да одлучува наместо нас што…

Иран соопшти дека со шест дрона нападнал…

Иранската Исламска револуционерна гарда утринава соопшти дека…

Песков откри каде и кога ќе се…

Рускиот претседател Владимир Путин, неговиот кинески колега…