(Видео) Коларевиќ: Нема формални докази но има сомневање за можно бегство на Зекири – очекуваме определување на мерка притвор

t

Обвинителката Катерина Коларевиќ која го води случајот против генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири даде кратка изјава за медиумите откако обвинителката излезе од судницата за судот да одлучи по обвинението.

Обвинителката кажа дека кажа дека нема формални докази за можно бегство, но има сомнение дека Зекири може да ја напушти државата.

ЌИстрагата е започната во текот на вчерашниот де, обезбедената документација е во тек на предистражна посатпак, не можам да кажам дали парите се во Македонија или не и дали се потрошени. Обвинителството очекува предлог мерката за притвор да биде прифатена.

Двајца осомничени не се на територија на Македонија, има сомневање дека се во Хрватска, ќе се потрудиме да ги обезбедиме со потерница.

Јас засега лично немам контактирано со хрватските колеги, не можам да кажам во име на шефицата на Обвинителството Русковска.

Не можам да кажам кога ќе биде донесена одлуката, во овој момент не може да ја прошириме истрагата на други лица но истрагата е во тек, не можам да кажам за понатака.” – изјави Коларевиќ

Линк од видеото: https://fb.watch/cgg4yCsa_1/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ